Денеска на 8 септември Македонија одбележува 33 години независност. За каква независност станува збор кратко и јасно објаснува пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ:
Многу честитки видов дека се упатени за ,,слободна” Македонија и ме потсети на еден филозофски концепт за ,,вистинска слобода”, кој се објаснува преку два услови:
– да не се биде спречен во дејствувањето по своја волја – т.н. негативна слобода или слобода од мешањето на други фактори; и
– да се поседуваат ресурси и капацитети за извршување на волјата.
Како тогаш ние ја разбираме сопствената слобода? Ослободени ли сме од ограничувања од надворешни фактори и поседуваме ли моќ за исполнувањето на нашата внатредржавна волја?
Додека немаме целосна контрола над сопствените ресурси, природни убавини и државен апарат нашата ,,слобода” ќе ја слават и туѓи интереси.