Фејзбук статус на Дарја Мустафаоглу, советник во општина Ѓорче Петров од редовите на политичката партија Левица

Градоначалникот Стојкоски со нетрпение го чека утрешниот ден 😍

Одлична прилика заедно со цела партиски вработена администрација да оди да се слика со маскирани дечиња… така насмеан, како ги гушка… човек да помисли дека беспрекорно се грижи за нив… Како да им обезбедил одлични услови за настава и образование, како да им создал безбедна општина со места за игра и рекреација, здрава животна средина, општина со перспектива за нив.

Не е битно што ниту 5% од изборната програма нема реализирано. Не е битно што условите во училиштата и градинките зависат од родителите кои се изложени на неразумни и задолжителни трошоци во систем каде ‘образованието е бесплатно’.

Ајде градоначалниле, пеглајте кошулите и маскирајте се во грижлив градоначалник.