Мојсоска: Ниту една окупација не е возможна без помошта на локалните колаборатори!

Пишува: Јована Мојсоска, Генерален Секретар на политичката партија Левица

Ниту една окупација не е возможна без помошта на локалните КОЛАБОРАТОРИ, чии злосторства врз сопствениот народ впрочем биле и најбрутални.

,,Михајловистичките контрачети на ВМРО во Вардарска Македонија биле паравоени единици креирани со користење помошта на бугарските фашистички власти со цел борба против комунистичките партизани. Тие биле активни во периодот на бугарската окупација во регионот. Михајловистите партиципирале целосно во бугарската администрација. Првата контрачета, била формирана на крајот на 1942 година во Велешко, на чело со Пано Манев. Нејзиното создавање било одобрено од министерот за внатрешни работи Петар Габровски по предлог на скопскиот полициски началник Стефан Симеонов, кој бил поранешен четник на Внатрешната добруџанска револуционерна организација. Вака партизанските одреди биле разбивани не само од полицијата, туку и од страна на контра-четниците.

Контрачетите обично се водени од ветерани на михајловистичкото крило на ВМРО, како војводата на Кумановската контрачета – Крсто Лазаров. Меѓу попознатите контрачети биле Гевгелиската на чело со Ѓорѓи Хаџи Митрев, Кавадарската на чело со Атанас Калчев, Кочанската, на чело на која бил Димитар Медаров, како и Битолската и Прилепската контрачети. Од друга страна во март 1943 година командантот на 15-та пешадиска дивизија во Егесјка Македонија – Иван Маринов, распоредил вооружувањето на првата контрачета во регионот, а Владимир Куртев, Димитар Цилев и Георги Настев учествували во организирањето на првите одреди за борба против комунистички партизани – Охрана. Во летото на 1944 година на територијата на Вардарска Македонија дејствували околу 200 контрачети.

По повлекувањето на бугарскиот окупатор од регионот, повеќето од учесниците во нив биле убиени во престрелки со партизаните или подоцна биле фатени и осудени од страна на комунистичките власти во Југославија.”

Смрт на фашизмот, Слобода на народот!

Последно