Фејзбук статус на Амар Мециновиќ, носител на листа за пратеници на политичката партија Левица во ИЕ 2

Океј. СДС во еден од првите спотови поентира со: ,,единствената шанса за Македонија е ЕУ”.

Прво, нели се стабилизиравме под НАТО, што до толку сме дојдени пак до единствена шанса за спас од пропаст и криза – чуму?

Второ, држава сме, пристапување во политичка меѓународна организација треба да биде на здрави основи и со самодоверба, да не ја поткопувате вака малце државната позиција?

Трето, ова ‘единственава шанса’ доаѓа после два мандати владеење на СДС, и сеа пак сакате мандат укажувајќи дека во вашето владеење сме притиснати до ѕид?

И да, шо вака Македонија, контра вашиот “историски успех” во промената на името?