Пишува: Никола Петров, координатор на сектор Земјоделие при политичката партија Левица и кандидат за пратеник во ИЕ 4.
Светскиот недостаток на кромид беше причина Индија да дозволи извоз на над 64 илјади тони кромид во Бангладеш, Обединети Арапски Емирати и други пријателски земји од соседството.
Иако владата на 7 декември 2023 година воведе забрана за извоз на кромид до 31 март во обид да ја задоволи побарувачката на кромид на домашните пазари и да ги стабилизира неговите големопродажни цени, таа сега делумно дозволува одредена количина да се извезува во пријателските нации.
Индија како земја со најголемо производство на зимски кромид кој исклучително добро се складира и може да трае до касна есен, го забрани неговиот извоз заради заштита на сопственото население од високи цени и манипулации на трговците. Претходно таа по пазарни цени го откупи домашното производство за полнење на стоковите резерви и стабилизација на домашниот пазар.
Во Македонија цената на кромидот на пазарите оваа година е доста висока, а домашното производство е мало и не ги задоволува ниту домашните потреби. Намаленото домашно производство се должи на лошите аграрни политики, нерегулираното производство и продажба, немањето заштитна производна цена и форсирање на увоз наместо на извоз.