Фејзбук статус на Реџеп Исмаил – Хактан, потпретседател и кандидат за пратеник во ИЕ 1 на политичката партија Левица

Зошто двата фаворизира кандидати за претседател, Пендаровски од СДСМ и Силјановска од ДПМНЕ, бегаат од соочување со останатите кандидати, а особено со Ванковска од Левица?

Па затоа што ќе треба да признаат пред јавноста дека многу многу повеќе се согласуваат отколку што се разединуваат по однос на прашањата од ингеренциите на претседателот, функција за која претендираат.

СОГЛАСНИ СЕ ДЕКА:

Преспанскит договор е “завршена работа”;

– Македонија треба да остане членка на воениот пакт НАТО;

– Бугарите, “како и другите малцинства” треба да влезат во Уставот;

– Стратешкото партнерство со САД треба да продолжи како и до сега;

– Санкциите кон Русија исто треба да продолжат како и до сега;

– Военат, финансиска и политичка поддршка на Украина не смее да запре;

– Диктатот на ЕУ треба да биде некритички прифатен;

– Дипломатски претставништва да има само во земји подобни за Западот;

– Следствено, за амбасадори да се назначуваат личности аминувани од Калето.