Пишува: Круме Богевски, советник во општина Кавадарци од редовите на политичката партија Левица
НИКОЈ не може да каже дека државата нема одговорност за вработените во ФЕНИ!
Може да се каже дури и дека државата (власта) е виновна за неизвесноста на вработените во ФЕНИ, да!
Приватна компанија било тоа, па кај и е крајот на државата ако при затварањето на секоја приватна компанија сноси одговорност за вработените?
Бре? А како станала приватна таа компанија? Кој се смешкал и ракувал при потпишувањето со претставници на сомнителни инвестициони фондови кои потекнуваат од егзотични острови каде никој не ги прашува од каде им се парите?
-Корумпираната власт!
Кој го израдил тој огромен производствен капацитет кој до пред некоја година беше НАЈГОЛЕМ извозник од Македонија (која е неверојатно зависна од увоз)
-Државата (не оваа со корумпирана власт, една подобра каде народот владеел со фабриките, оваа само го наследила капацитетот)!
На ваков или на таков начин, ДРЖАВАТА Е веќе вклучена во проблемот, а бега од одговорност кога треба да се вклучи во решението!
Левица останува на ставот дека судбината на ФЕНИ ќе остане неизвесна се додека не премине во АД во државна сопственост, а вработените (кои со години специјализирале во својата дејност и се единствените кои знаат што прават во таа фабрика) да управуваат со него!