Промоција на стихозбирката „Лирски патувања“ од Сузи Тенева во КИЦ

Книгата ќе ја промовира д-р Наташа Аврамовска, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска.

Јулијана Величковска за „Лирски патувања“ ќе истакне: „Стихувани филозофски размисли што отвораат разни прашања за животот, своевидни никулци што поттикнуваат размисли на теми како што се : љубовта, радоста, растењето и созревањето, важноста на уметноста и убавината, патувањата, умешноста во комуницирањето, моќта на зборовите, себеспознавањето и поимањето на светот околу нас. Стихозбирка што се чита долго и бавно, со нужни паузи и со простор секој да се пронајде меѓу редовите и да ги пополни белините со своите размисли и доживувања.“

 Сузи Тенева е родена во Скопје. Дипломира на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Магистерските студии ги завршува на истиот институт на темата: „Кантовото разграничување меѓу убавото и возвишеното“. Докторира на Институтот за филозофија на тема: „Гадамеровата херменевтика во естетиката на XX век“. Се занимава со истражувања од областа на естетиката. Автор е на делата: „Кантовото разграничување меѓу убавото и возвишеното“ (Аз-Буки, 2011), „Мисли и зборови“ (Антолог, 2014), „Простори на љубовта“ (Матица, 2023) и „Лирски патувања“ (ПНВ Публикации, 2023).

Пристап до настанот: https://www.facebook.com/events/964810364945852/?ref=newsfeed

Последно