,,БРИКС: Заедница на еднаквите” – беше насловена дискусијата на Светскиот младински фестивал, каде претставници од Левица остварија средба со бразилскиот новинар и теоретичар на современите геополитички односи, Пепе Ескобар.
Ескобар е роден во Бразил, и главно работи како странски дописник за новинската агенција “Азија тајмс”, со седиште во Хонг Конг. Како странски дописник, Ескобар опширно ги опфаќа Пакистан, Авганистан, Централна Азија, Кина, Иран, Ирак и поширокиот дел од Блиски Исток. Исто така тој е автор на неколку книги од областа на геополитиката, а работи и уште како аналитичар на современите случувања во меѓународни односи за „Реал њуз“ со седиште во Торонто и Вашингтон.
На дискусијата се разговараше за улогата на БРИКС во градењето на новиот мултиполарен свет, современите предизвици во меѓународната политика, како и за развојот на организацијата која зазема се поголемо внимание во светската јавност.
Настанот беше уникатна можност да се претстават околностите во кои се дави македонската надворешна политика и следствено, директно да се адресираат прашањата и дилемите за иднината до претставници на БРИКС.