Мустафаоглу: ДПНЕ го гласа, ГРОМ го поддржува, а СДС го креира

0
351
  • Пишува: Дарја Мустафаоглу – член на Советот во Општина Ѓорче Петров од редовите на политичката партија Левица

Ова е театарот кои советниците од овие три партии го приредуваат во јавноста околу ДУПот за Дексион со вцртани 50 нови згради.

Само еден месец по конституирањето на Советот на општина Ѓорче Петров, овој ДУП е ставен како точка на Дневен ред на седница на Советот и истиот е изгласан со единаесетте гласови на советниците на ДПНЕ и гласот на советникот Зоран Најдановски од ГРОМ.

Советниците на СДС лицемерно гласаат против – приредувајќи театар со критики кон ДПНЕ сега поставувајќи транспаренти од типот „урбана мафија“, иако е многу јасно дека ДУП не се изработува за еден месец, туку дека истиот е креација токму на нивниот градоначалник – Александар Наумоски.

Деновиве сме сведоци на критики упатени до советниците од ДПМНЕ од страна на Претседателот на ГРОМ – Стевче Јакимовски кои се крајно лицемерни бидејќи токму со поддршката на неговиот сопартиец – советникот Зоран Најдановски од ГРОМ е изгласан конкретниот ДУП.

Коалицијата ГРОМ-ДПНЕ без никакви пречки продолжува да функционира во Советот на општина Ѓорче Петров, а со тоа продолжува и поддршката за бетонизација на Општината и други одлуки коишто се косат со интересите на граѓаните.

Советниците од Левица, континуирано се спротивставуваат на ваквите проекти, гласајќи против ваквите планови и известувајќи ја јавноста за истите (линк)