На 4ти јуни (вторник) со почеток од 19:19 часот во Културно информативен центар – Скопје,Салон 19:19 ќе се одржи солистички концерт на Арда Мустафаоглу.
Арда Мустафаоглу – 21-годишен пијанист, чија кариера започнува на шестгодишна возраст e учесник на приближно 25 меѓународни натпревари, од кои има добиено 21 прва награда, Гран при награди, награди од публика и многу специјални награди.
• Апсолутна 1-ва награда, награда на публиката, специјална награда – “Città di San Donà di Piave” – Венеција (Италија)
• Трета награда – Конкурс меѓународен натпревар по пијано на “lle de France” – Париз (Франција)
• Гран при – натпревар на EMCY – Истанбул (Турција)
• 1-ва награда – “Antonio Salieri” – Верона (Италија)
• 1-ва награда – „Минхенски натпревар по пијано“ – Минхен (Германија)
• 1-ва награда – „Уметност и мир“ – Хамелбург (Германија)
• 1-ва награда – Конкурс на фондацијата “Elise Meyer” – Хамбург (Германија)
Неговиот исклучителен придонес во промовирањето на градот Скопје во светот му ја донесе и најпрестижната Тринаесет ноемвриска награда на градот Скопје.
Арда има настапувано со оркестарот на Македонската филхармонија, Софиската симфониета, Квартетот ЕОС и Квинтетот Мармара. Често одржува концерти ширум Европа (Германија, Франција, Италија, Белгија, Турција, Грција итн.).
Неговиот развој во уметноста на пијанизмот го водат пијанистичките педагози: Александар Сердар, Шантал Стиљани, Милица Шкариќ, Денис Паскал и Хериберт Кох.
Арда во моментот е студент во класата на Ана Виницкаја на Универзитетот за музика и театар во Хамбург
Повеќе на: https://www.facebook.com/events/1852893218565588/