Соопштението на младинската организација Црвена Младина го пренесуваме во целост
Придружете ни се оваа сабота во 12:00 часот, во градскиот парк во близина на школка на „Кафе & Муабет со Црвена Младина”.
Mожност да разговараме за младинскиот активизам, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат младите и иднината на Македонија.
Ги повикуваме сите прогресивни средношколци, студенти и млади активисти кои треба да бидат креатори и предвесници на промените! Целта на настанот е да ги собира сите оние млади истомисленици кои веруваат дека подобар свет е можен и подобар свет е неопходен..
Нашата младинска организација верува дека е неопходно обединување на младинското прогресивно ткиво на едно место, во една организација, која пред себе има цел да стави крај на опортунизмот и младинскиот дефетизам.
Затоа оваа Сабота (3 Јуни) ве очекаме во Градски Парк во близина Школка. Со вас понесете идеи, ентузијазам и храброст. Се гледаме!