Претставници на Црвена Младина на Светскиот младински фестивал 2024 година, каде што активно учество земаа 20 илјади представници од 180 земји.
Делегација на Левица во текот на оваа седмица е дел од серија интелектуални, културни и едукативни настани. Учесниците имаа привилегија да дадат свој допринос во активностите, каде младите луѓе ги претставуваат земјите и културите од кои што доваѓаат.
Делегатите од Црвена младина активно учествуваа во различни платформата за дискусија, пред се поврзани со актуелните политички случувања, но и дискусии по однос на развојот на науката, технологијата, инженерството и други области.
Во наредните денови, Црвена младина, заедно со претставниците на младинските политички организации од останатите земји ќе учествува на неколку различни платформи поврзани со младински политики.