Студентите во студентските домови изреволтирани бидејќи се оставени без појадок

До движењето за социјална правда ЛЕНКА пристигнаа голем број на реакции од страна на студентите поради најавените промени и на субвенцираниот студентски оброк и на укинувањето на појадокот во студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“

Дел од изјавите на студентите, кои поради стравот наметнат од владеачките партиски структури, посакаа да останат анонимни:

Како и минатата така и оваа година ние, студентите сме финансиски оштетени уште од почеток. Се воведоа нови правила во мензата според кои половина студенти ќе останат со еден оброк во денот а тоа е вечера која веќе знаеме дека не е најдобра.


Имено оваа година доручекот го прекинаа без да дадат причина а ручекот започнува во 12ч и трае до 15ч што реално е време кога половина студенти се на факултет. Храната во менза останува иста повторно за вечера има паштета.


Сместувањето во студентски е проблем сам по себе иако најавуваа дигитализација таа се уште не се случи. И оваа година бевме приморани да плаќаме 300ден за студентска картичка што не постои, документите за сместување беа 500ден а за истите да се земат се чекаше ред дури и 5 часа.

Додека пак друг студент ни напиша:

Официјално ни го укинаа појадокот. Свесни се дека сѐ поскапува и упорни се во тоа да ни отежнат. Појадокот е најважниот оброк во денот, а со 140 денари не може да се купи ништо освен баничка и вода. Им плаќаме 500 денари за документите, 300 денари за картички што не ги користиме. Не знам до кога мислат вака, ни зовре на студентите!

Додека легалните претставници на студентите, универзитетските и факултетските собранија молчат, студентската организација „Студентски Отпор“ најави масовна мобилизација и можни протести во иднина

Последно