Интервју со Леонид Тодороски – Најдобриот матурант по македонски јазик

Леонид Тодороски од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје има освоено најмногу поени на државната матура по македонски јазик, информира Државниот испитен центар (ДИЦ). 

Ја имавме честа и привилегијата да седнеме со Леонид и да поразговараме за неговиот голем успех.

Што мислите дека најмногу придонесе за Вашиот најдобар резултат и какво значење за вас има овој огромен успех?

Л.Т: Мојот вложен труд, потготвувајќи се цела години сериозно и посветено ми го донесе овој успех. Најмногу ми беше важно да добијам што повеќе бодови на државна матура затоа што тоа ми носеше сигурен влез на факултетот што го сакав.

Кои стратегии/техники на учење беа особено ефективни за вас?

Л.Т: Најефикасни техники и стратегии при потготвувањето на матурата ми беа: помнење, читање, асоцијација на поими и следење на сите тестови кој што биле дадени од воведувањето на матурата па се до денес.

Можете ли да споделите некои од вашите омилени предмети и зошто ви се омилени?

Л.Т: Најомилени предмети ми се Анатомија, Физиологија и Патологија бидејќи претставуваат основата за развојот на медицинските науки.

Леонид Тодороски

Кои се Вашите планови за иднината и како планирате да ги надградите Вашите средношколски успеси?

Л.Т: Наредниот чекор ми е да се запишам на општа медицина на факултетот по медицина при УГД, бидејќи сметам дека таму ќе ме оценуваат по заслуга а не по презиме. Понатаму да специјализирам, да докторирам и да станам врвен кардиолог. Во идеално сценарио би сакал откријам нов лек за многу ретки болести кој што се засега неможат да се излечат и за кој што сеуште нема лек.

Каков совет би им дале на помладите ученици кои сакаат да напредуваат академски?
Л.Т: Пред се да се посветат самите на себе,д а не ги интерисира како реагира околината и друштвото на вашето воспитание и образование, туку да ја следат својата цел и да го изградат својот просперитет. Секој млад човек кој што ќе си зададе своја цел животот, сигурно ќе успее.

Последно