До нас стигнаа пријави од загрижени граѓани кои се жалат на непријатни звуци и глетки во околината на Неготино.
Непријатните звуци и глетки се резултат на меѓународна воена вежба која се одржува на воениот полигон “Криволак”. Вежбата е во организација на Командата на вооружените сили на САД.
Македонија со членството во НАТО е обврзана да учествува во такви меѓународни вежби.
За влез во НАТО на Македонија насилнички и беше сменет Уставот, а противуставно и беше сменето државното име.
Домашните партии на естаблишментот (ДПМНЕ, СДС, нивните сателити и партиите од албанскиот блок) триесет години ветуваа дека влезот во НАТО ќе донесе економски прогрес и демократизација.
Македонија со влез во НАТО:
– Се претвори во воен полигон на странски сили;
– Увезе војна, војната во Украина;
– Донира своја воена техника, како тенкови и авиони, која и така не е на завидно ниво;
– Донира техника која за време на војната во 2001 поштено си ја купи;
– Потроши 210 милиони долари за оклопни возила сред корона криза кога од обичните луѓе се бараа по 20 000 евра депозит за да бидат примени во болница за да се лечат од Ковид;
– Го зголеми и уште го зголемува буџетот за одбрана, во време кога пари за социјала, здравство, образование и земјоделие нема и кога овие сектори се под секое ниво.
Демократизација нема, деновиве, четири години по членството во НАТО, се случува купопродажба на пратеници. Економски прогрес нема, но сиромаштија пари за бомби и увезена војна има. Стои во соопштението на ЛО Неготино при политичката партија Левица.