Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма посветено е внимание и женските прашања и родовата. Изминативе години, со само двајца пратеници, Левица успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на граѓаните, каде во фокус беа социјалните политики, вклучувајќи и предлог закон за воведување платено породилно отсуство на жените-земјоделки од руралните средини.
Претседателот Апасиев кажа дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата што ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес. Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата за образование и наука.
Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата за женски прашања и родова еднаквост:
Промовирање на прогресивен лев феминизам и унапредување на правата на жените во општеството, преку надминување на
патријархалниот морал, културната заостанатост и мизогините ставови.
Родово сензитивни мерки и таргетирани политики кои значително ќе ги зголемат правата на жените-домаќинки, со признавање на т.н. „невидлив труд“ во домот и грижата за семејството.
Посебна заштита на мајчинството кај жените-работнички:
- дуплирање на породилното отсуство (од 9 на 18 месеци);
- враќањето на работа пред истекот на породилното отсуство да не биде порано од шест месеци (а не како досега – не порано од „45 дена од денот на раѓањето на детето“);
- задолжително враќање на работничката на истото работно место по завршувањето на породилното отсуство;
- флексибилно или скратено работно време за мајките-работнички во период до три години по породилното отсуство, без кратење на плата (преку субвенционирање на трошоците од страна на државата).
Воведување платено породилно отсуство на жените-земјоделки од руралните средини.
Олеснет пристап до бескаматни кредити, со грејс-период, за жени – занаетчии и жени-стечајки, како и други поволности за поттикнување на самовработувањето кај жените.
Воведување на незадолжително менструално отсуство од работа и даночни олеснување за производи кои се корисни за менструалната хигиена и репродуктивното здравје на жените.
Целосната програма на партијата можете да ја прочитате на следниов линк