Фејзбук статус на генералниот секретар на Левица и носител во Изборна Единица 5 – Јована Мојсоска
КАКО СЕ БРИШЕШЕ АСНОМ… Денес налетав на овој споменик во битолското село Логоварди, посветен на браќата Наумови. Иако во запуштена состојба, се’ уште е видлива неговата импозантност од времето кога бил граден. Време кога во секое село никнувале споменици посветени на гордата антифашистичка борба, како патоказ за новата држава која тогаш почнуваше да ги гради своите темели.
Ваква е состојбата на спомениците од народно-ослободителната борба, каде очигледна е тенденцијата на СИТЕ власти за бришење на антифашистичкото наследство од колективната меморија на македонскиот народ – додека на секој чекор никнуваат балистички споменици. Ние живееме во доба на длабок ревизионизам каде системски и тенденциозно се брише историјата на еден народ. Затоа што кога ќе ја избришеш неговата борбена историја против окупаторот, ќе го убиеш и неговиот дух за борба.
Еден великан како Стив Наумов, кој загинал на само 21 година во нерамноправна борба со бугарскиот окупатор (и на кој гробот не му се знае) – не го заслужува ова.
А ваквата запуштена слика е само потсетник дека и сценариото “бугари во устав”, кои со сите сили властите и нивните пулени сакаат да го прикажат безопасно – е уште еден дел од финализирањето на процесот за бришење на антифашистичката историја на еден народ кој бил на правилната страна на историјата..