Драги Г(оце)
Моите извештаи стануваат се’ повеќе и повеќе само како голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој свет ги поднесува.
Одамна требаше веќе да им се даде називот извештаи за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот.
Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е веќе да станеме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија, што ја засилува организацијата меѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека „сите Македонци работеле за присоединувањето на Македонија кон Бугарија или Грција”.
Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја одземе мојата храброст и мојот патриотизам.
Драго ми е да Ти соопштам дека сите наши момци се готови со пушка в рака да се бијат.
Н(икола)