Поради до сега уште непознати причини изгоре култниот објект во фаза на вечно реновирање, добропознатата за сите скопјани-Универзална сала. И толку. Министерката за култура Костадиновска излезе и на сите ни објасни дека салата имала осигурување и штетата од пожарот ќе биде надоместена. Дали оваа изјава е вистина, останува на граѓаните да видат во иднина?!
Зелениот сектор на п.п. Левица ја повикува министерката за животна средина Каја Шукова итно да даде изјава за направената еколошка штета што ја претрпеа сите скопјани. Среде Скопје експлодираше вистинска еколошка бомба. Централниот дел на Скопје со часови дишеше низа штетни супстанци што се вивнаа во воздух, заедно со пламените јазици. Медиумите објавија дека две лица се хоспитализирани поради акутно вдишување на чад.
Официјалната телевизиска изјава е дека горела иверица, така што ќе напоменеме дека во истата има смола, што при согорување произведува штетни материи. Покрај тоа, најверојатно е дека гореле кабли, а можно е да гореле и пластични и гумени материи, при чие согорување се создаваат канцерогени материи.
Би било добро ако министерката Шукова се одважи и да каже колкави биле вредностите на ПМ честичките што ги имаат забележано најблиските мерни станици за загадување на воздухот!
Зелениот сектор на Левица будно ќе ја следи состојбата и соодветно ќе нуди свои решенија. Периодот на изборна кампања не смее да биде пречка оваа еколошка катастрофа да биде заборавена. Ние не забораваме и потсетуваме дека здравјето на луѓето со часови било изложено на енормни количини од штетни материи што влијаат на сите можни органи. Стои во соопштението на Левица Зелен Сектор