Фејзбук статус на Дарја Мустафаоглу, советничка во Ѓорче Петров и кандидатка за пратеник во ИЕ 2 од политичката партија Левица

8 април беше Меѓународен ден за подигнување на свеста против борбите со кучиња… ама кога се работи за охрабрување во борбата против психопати – секој ден е ‘денот’.

На 29 ноември 2023 година, Левица поднесе Кривична пријава за борбите со кучиња коишто се организираа во Охрид.

Пред некоја недела добивме Известување од ОЈО Охрид во кое е наведено дека оформиле предмет и се пристапило кон собирање докази по изнесените наводи. Лицата против кои беше пријавата ги избришале сликите од социјалните мрежи, а теренот каде што се одвивале борбите го расчистиле.

Изјавиле дека всушност тие се големи љубители на кучиња, сликите биле од изложба на кучиња, ордените биле од освоено место на иложбите, а крвиштата на крзното на кучињата биле од јагнешко месо кое им било дадено како награда на најдобрите кучиња. Немале никакви сознанија за борби со кучиња, а не па да присуствуваат на иситите

Во недостиг на докази, кривичната пријава се отфрлила.

Неисе, се надевам дека ова им е камен по глава/лекција и дека нема да се дрзнат на повторно изживување/терање крвави бизниси со немоќните и безгласните.

Она што ме радува е што со поднесената Кривична пријава од страна на Левица (прва за ваков тип изживување откако делото ‘Убивање и мачење животни’ е инкриминирано), ги натеравме институциите да ги отворат очите за борбите со кучиња, за што се доказ преземените мерки во февруари годинава.