Влегуваме ВоБорба за Македонија против сите. Прв чекор како Претседател ќе биде раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија, затоа што барањата во од таа страна веќе го надминаа тој договор како таков” – истакна Билјана ВАНКОВСКА, кандидат за претседател од Левица, на денешната средба со граѓаните на Свети Николе.
На средбата со граѓаните присуствуваа Борислав Крмов, членот на Президиум на Левица и советник во Општина Свети Николе Александар Симонов, како и од членовите на локалниот огранок. На граѓаните им беше поделена и програмата за кандидат за претседател на Билјана Ванковска.
Ванковска истакна дека граѓаните ги препознаваат искрените намери за зачувување на националното и бараат некој да го каже тоа што тие не смеат да го кажат. „Јас ветив дека ќе ја зборувам вистината и јасно го кажувам тоа што граѓаните го чувствуваат, а не можат да го кажат“.
Пратеникот и носител на листа во ИЕ3 изјави дека верува дека Левица го има најдобриот кандидат. „Професорката Ванковска не е само најдобриот туку е единствен кандидат. Една е од ретките интелектуалци која во сите овие децении зборувала без влакна на јазикот. Таа е единствен интелектуалец која го нарушува статус квото во овие 30 години“, истакна Крмов. – Стои во соопштението на Левица ЛО Св. Николе.