Пишува: Реџеп Исмаил – Хактан, потпретседател на политичката партија Левица
Деновиве, на некое од многуте интервјуа, ја наслушнав професорката Силјановска Давкова, како објаснува дека во ЕУ е во пораст т.н. крајна десница (far-right) и дека тоа е опасно поради про-руската наклонетост на овие политички движења во Европа.
Иако јас сум студент на професорката Силјановска, од која многу имам научено, и имам голема почит кон нејзе, сепак, ќе се осмелам да укажам на фактичката состојба со радикалната десница во ЕУ како сосема спротивна од онаа што Силјановска го пласираше како теза.
Имено, периодов во ЕУ се појави термин „мелонизација“ (по узор на актуелната премиерка на Италија, Џорџа Мелони) токму за да ја опише состојбата за тоа како ваквите радиклано десничарски движења, во однос на конфликтот во Украина и односот кон Русија, го менуваат својот став у курс по кој ја водат политиката во зависнот од нивната популарност. Односно, кога овие движења се маргинални и во опозиција, тие остро го критикуваат европскиот естаблишмент за неговата русофобија и вмешаноста во војната во Украина како и политиките на санкции кон Русија кои ги спроведуваат државите на ЕУ. Но, кога овие радикални десничари ќе се приближат до власта, тие овој свој став го менуваат во тотална негова спротивност. И од позиција на власр продолжуваат по истиот пат зацртан од НАТО, преку политиките предводени од САД и Британија.
Зошто „мелонизација“? Па затоа што политичката партија на Џорџија Мелони беше првото вакво политичко движење кое дојде на власт со реториката против актуелната политика на европскиот естаблишмент ви-за-ви Русија, но, веднаш откако го превзема кормилото на власт, продолжи по истиот, претходно воспоставен пат и практики (анти-Русија) на ЕУ под дикат на САД и Британија. После неа нешто слично се случи и со радикалната десница во скандинавските земји, а последен таков пример е француската радикална десница предводена од Марин Ле Пен, партија која моментално е најпопуларна во Франција, и се поизвесно е дека ќе ја предводи идната власт на оваа земја.
Заклучок: Настрана што Професорката Силјановска, како кандидат за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, за жал се чини дека ќе ја перпетуира ВМРОвско-НАТОвската приказна за лошите Руси и англо-саксонскиот рај, радикалната десница во ЕУ никогаш не била про руска, а нема ниту да биде, напротив, мелонизацијата покажува дека таа е само контролирана опозиција, која стои на пауза во замена за либералите, кои кога нема да имаат храбрст и сила понатаму да ја спроведуваат русофобската практика наметната од НАТО, тука се они (радикланите десничари) ваквиот предизвик да го зграпчат со две раце и радо радо европскиот континент да го втурнат во војна на страната на фашистите против Руската федерација и Народна Република Кина, и секако, да даваат безрезервна поддршка на апартхејт режимот на Нетањаху во Израел!
Социјализам или варварство!