Капитализмот е исто што и демократија, спрема тоа противници на капитализмот се и противници на демократијата. Капитализмот и демократијата се всушност две различни работи. Демократијата ја подржува идеата дека луѓето треба да имаат контрола над нивната култура на живеење и дека нивната сила мора да биде распоредена а не концентрирана во рацете на малкумина. Капитализмот е сосема нешто друго.

Во САД и во Западноевропските земји сме научени да живееме во демократско општество. Вистина е дека постои влада која сама себе се нарекува демократска, второ прашање е дали општеството во кое живееме навистина е демократско. Владата е само еден дел од општеството и воопштво не е ни приближно најважна што се однесува до нашиот секојдневен живот. Економскиот систем на било кое општество има повеќе влијание на секојдневен живот него што имаат судството или парламентот затоа што стопанството одредува кој има контрола над земјата, суровините, општествените основи, што луѓето треба да работат секој ден за да егзистираат и напредуваат и какви се меѓусебните односи и гледањата на светот.

Капитализмот е всушност еден од најмалку демократските системи. Во демократското стопанство секој член на општеството има еднаква можност на одлучување што и како треба да се произведува. Меѓутоа во капиталистичко општество во кое сите извори се приватна сопственост и во кое за нив сите се натпреваруваат, поголемиот капитал завршува во рацете на на неколкумина луѓе, коорпорации. Тие луѓе т.е корпорации одлучуваат како останатите ќе работат бидејќи поголемиот дел од нив не би преживееле без да работат за нив. Некои луѓе дури и го креираат физичкиот и психичкиот изглед на општеството бидејќи го поседуваат поголемиот дел од земјата и имаат конторла над медиумите, меѓутоа ни тие не се навистина на власт затоа што ако не се доволно внимателни и не напредуваат доволно брзо ќе се случи со останатите да завршат на дното од пирамидата.

КАКО ФУНКЦИОНИРА КАПИТАЛИЗМОТ?

Слободниот пазар во теорија треба да функционира отприлика вака: луѓето имаат слободни раце при барање на нивната среќа и тие кои најмногу и најдобро работат и на општеството му даваат најважни работи наградени се со најголемо богатство. Но тоа општество има еден голем недостаток не им нуди на сите еднакви можности. Успех на слободен пазар практички зависи од тоа колку богатство веќе поседуваш.

Ако капиталот е приватна сопственост тогаш можностите на поединецот за учење, работа и приход се директно врзани за количество на богатство кое тој го поседува. Неколку финансиски симулации тоа не може да го сменат. За производство на нешто што има некаква вредност се потребни извори, и ако поединецот ги нема тие извори многу брзо ќе види дека е зависен од тие што го имаат. Тие кои веќе ги имаат изворите можат да си го зголемуваат богатството што доведува до тоа поголемиот дел од богатството да биде во рацете на малкумина. Последица на тоа е дека сите останати кои имаат малку капитал можат единствено да го продадат својот труд на капиталистите ако воопшто сакаат да опстанат.

Тоа може да звучи нејасно иако всушност е сосема едноставно.

Корпорација како на пр. NIKE која има огромно количество на дополнитени пари секогаш може многу лесно да отвори нова фабрика за обувки. Понатаму интензивно ги рекламира своите производи и затоа продава повеќе обувки и на тој начин ќе заработи поголемо количество на пари за инвестирање. Некој бедник едвај да има доволно пари да отвори некој киоск со сок и ако го отвори многу бргу би пропаднал заради поголеми и попознати фирми како ПЕПСИ која има многу повеќе пари за промоција. Така е многу веројатно дека ќе почнеш да соработуваш со нив ако сакаш да преживееш. А работејќи за нив само повеќе ја зацврствува нивната сила, навистина тие ќе ти плаќаат за твојот труд но биди во потполност сигурен дека не ти ја плаќаат полната вредност на твојот труд, на тој начин практично си ствараат профит. Ако работиш во фабрика и на ден произведеш производи во вредност од 1000 ЕУР најверојатно ќе бидеш платен само некои 30ЕУР или уште помалку на ден. Тоа значи дека некој заработува на сметка на твојот труд, и што подолго тоа го прават имаат повеќе богатство и можности, и сето тоа на твоја сметка.

КАПИТАЛ: богатство, пари, кои се употребуваат за стварање на уште поголемо богатство. На пример сопственик на фабрика која остварува профит со продажба на производи кои се резултат на трудот на работникот во неговата фабрика може да направи нови фабрики.

КАПИТАЛИЗАМ: слободна размена на производите и добрата, при што оние кои имаат капитал создаваат уште повеќе капитал на сметка на оние кои го немаат.

КАКО ТОА ДЕЛУВА НА ОБИЧНИОТ ЧОВЕК?

Најлошо од се е дека на тој начин од тебе ќе го купат твоето време и креативна енергија. Кога твојот личен труд е се што можеш да понудиш во замена за опстанокот тогаш си присилен да ги продаваш деловите на твојот живот. Најдобар дел од твојот живот ќе потрошиш за извршување на работите за кои си најдобро платен а не за оние кои најмногу сакаш да ги работиш, своите сништа ги менуваш за плата, а својата слобода за материјалните добра. Во своето слободно време можеш да го повратиш тоа што си го направил на работа и работодавецот од тоа да има профит, но никогаш не можеш да го повратиш времето кое си го потрошил на работа. Тој дел од животот е изгубен и не можеш да покажеш ништо друго освен сметките кои си ги плаќал. Тогаш веројатно почнуваш да размислуваш дека твоја креативна способност и работна сила повеке не се под твоја контрола, одеднаш не можеш да работиш ништо друго освен да одмараш, да ја обновуваш енергијата после работа, со тажна вистина дека го работиш тоа што ти наредуваат а не тоа што го сакаш. И воопштво не ти паѓа на памет да работиш нешто на твоја лична иницијатива за постигање на сопствени цели освен ако имаш “златни резерви“.

Навистина постојат малкумина кои се платени за таа работа која одсекогаш ја сакале. Но колкумина познаваш кои припаѓаат на таа категорија? Тие се ретки среќни поединци кои се истакнуваат како доказ дека системот делува и дека ако многу макотрпно работиме можеби еден ден и ние ќе бидеме така среќни како тие поединци. Но едноставно неможе да постојат толку работни места за сите да бидат рок ѕвезди или сопственици на весници, некој мора да работи и во фабриката за да се произведат тие плочи и весници. Доколку не станеш нова светска позната звезда туку само продавач на спортски обувки не си се потрудил доволно, значи сам си крив ако сега се досадуваш .

Но сеедно, зарем не беше твоја идејата дека мора да постојат 1000 продавници за спортски патики за секој професионален кошаркар? Ти останува само реалноста дека ја прифати таа ситуацијата која ти нуди такво мизерно решение. Наместо да се натпреваруваме меѓу себе како би биле на врвот на корпорациска скала, за да бидеш единствен кој на лотарија би добил награда помеѓу милион луѓе, ќе треба да измислиме нешто што на сите нас би ни овозможило во нашите животи да го работиме токму тоа што го сакаме. Дури и ако ти успее да се качиш на врвот што се случува со останатите илјадници и илјадници луѓе на кои тоа не им успеа, несреќни секретарки, пропаданти уметници, кувари, чистачки на хотели? Дали е во твој интерес да живееш меѓу несреќни луѓе на кои никогаш не им успеало да ги исполнат своите сништа?

ШТО ИМА ВРЕДНОСТ ЗА ЛУЃЕТО ВО КАПИТАЛИЗМОТ?

Во катитализмот животот почнува да се врти околу работите како среќата да се наоѓа во сопственоста наместо во слободните активности и работата. Тие кои имаат богатство, го имаат затоа што потрошиле многу енергија за да откријат како да го стекнат од други луѓе. Тие кои го имаат многу малку мораат поголемиот дел од времето да работат за да можат воопшто да преживееат. И се што имаат како доказ за макотрпна работа се неколку работи кои успеаа да ги купат затоа што нивните животи беа купени од нив. Помеѓу две општествени класи се и членовите на средната класа, кои уште од раѓање беа бомбардирани со реклами и пропаганда дека среќа, младост, смисла и се останато се наоѓа во сопственоста на материјалните добра и статусни симболи. Ги научија дека со макотрпна работа ќе го поминат животот на собирање само на тоа, наместо да ја искористат секоја можност која им се нуди за потрага на авантура и задоволство.

Значи, капитализмот ги вреднува луѓето во однос на тоа колку некој има а не во однос кој колку работи. На тој начин се случува луѓето да ги поминуваат своите животи во барање на работите за преживување и достигање на социјалните стандарди иако сигурно полесно ќе ја најдат среќата во општество кое би ги ценело слободните активности и овозможувало секој да работи тоа што го сака. За воопшто такво општество да може да биде створено прво е потребно да се престане трката за богатство и сето тоа рамноправно да се распредели, бидејќи само така сите би можеле да ги бираме животите кои среќно ќе ги живееме без непрекинат страв дека ќе бидеме гладни и отфрелени од општеството.

Дел 1. Преземено од anarhija.macedonianforum.net