Пишува: Претседателскиот кандидат на политичката партија Левица, Проф. д-р Билјана Ванковска
Да се каже дека Македонија е бизарна земја не е ни оригинално, ни интересно. Отрпнавме на сопствената ни ‘уникатност’ : името. границата, виртуелната оаза на мирот. чудниот конфликтот кој нагалено го нарекуваме криза… Единствено зачудува клацкалката на која се одмеруваат мирот и демократијата. Никогаш не сме сигурни по кој пат треба да тргнеме затоа што, за жал, тезата дека мирот и демократијата одат рака под рака, овде не важи ! Правилата на играта никогаш однапред не се познати па понекогаш ни се вели дека за сметка на мирот во куќата треба да замижиме пред принципите на демократијата и правната држава, а друг пат да заборавиме на траумите од конфликтот затоа што сме биле сериозен кандидат за НАТО и ЕУ. На крајот, веќе и не знаеме што ни е приоритет, ниту што е вистинско постигнување – демократската консолидација и евроинтеграциите. или простото преживување и избегнување на најлошото.
Се одржуваат трибини на тема „Разоружувањето како услов за демократизација”, а странски анализи говорат за референдумот како за безбедносна закана. Ваквата конфузија остава без зборови ! Не треба да сте експерт за да знаете дека разоружувањето е мерка на постконфликтно градење мир. Ако веќе дошло до насилство и оружје. значи демократијата веќе претрпела пораз. А, ако сме земја што сериозно претендира на членство во НАТО/ЕУ, како е можно референдумот, како облик на непосредна демократија загарантиран со Уставот, да биде безбедносна закана или повод за насилство? Еднаш не уверија дека Уставот може да биде саѕиѕ кеШ, а сега некој сака да не увери дека и практиувањето на демократијата согласно Уставот (кој веќе претрпе измени) може да биде извор на насилство !?
Во моментов најважно е да видиме каде сме стасале. Дали се уште над нас виси Дамокловиот меч на насилството или сме направиле исчекор кон вистински мир. прогрес и демократија? Главната окосница на Рамковниот договор е осудата на секој вид насилство во политички цели, а не територијалната организација. Ако воопшто нешто претставуваточка на поврзување на постконфликтното фадење на мирот со демократијата, тоа е ненасилството. Демократијата не значи дека секогаш ќе го добиеме она што го сакаме. но таа по дефиниција значи дека борбата за различните интереси се води низ институциите и со правно регулирани процедури.
Референдумот за законот за територијална организација (како и секој друг референдум) е тест за демократијата, но и за способноста да се прифати пораз во играта која се базира на демократски и ненасилни средства. До референдум немаше ни да дојде доколку власта имаше сенс за транспарентно комуницирање со сопствената јавност, ги респектираше резултатите од локалните референдуми или имаше доблест доследно да го брани концептот за територијална организација кој го понуди. По четириесетдневно тактизирање, најмоќната партија (како што СДСМ се нарече себе си) излезе со став дека морала да изгуби со 3:0 затоа што Македо- нија била во залог. На Милошевиќевски начин почна да не уверува дека поразот е всушност, победа и со тоа јасно ни соопшти дека ни самата, како носител на власта, не е убедена во предложените решенија. Наместо храбро да застане зад нив (ако навистина мислеше дека носат добро). СДСМ се скри зад соопштение во кое признава дека политиката не е ослободена од уцени. Ако, пак, навистина била принудена (од кого??), тогаш последното средство беше достоинствено да нзлезе од власта. Албанскиот паргнер во власта мудро си молчеше (се до прославата во Радуша!?), а Ахмети дури и не го удостои законодавниот дом со присуство, а камо ли со аргументирана дебата.
Дискурсот што доминира е, во најмала рака, опасен и мани- пулативен. Прашањето е што очекуваме од децентрализацијата : доближување на власта до граѓанинот или редистрибуција на моќта меѓу доминантните етнички елити? Во извитопереното сфаќање кое се наметнува и од внатре, ама и од надвор. локалната и ди- ректната демократија се прикажуваат како непријатели, а уште полошо – практицирањето на демократијата се прикажува како безбедносна закана. Се додека зборуваме за закани, демократијата останува недостижен сон во земјата која повторно го живее својот виртуелен (лажен) мир.
Колумната прв пат објавена во „Македонско сонце’, 27 август 2004