Претседателски кандидат на политичката партија Левица ќе биде познатата професорка Билјана Ванковска, соопшти денес партијата на прес конференција.
Професорката Билјана Ванковска е еден од последните вистински интелектуалци во Македонија, секогаш со сопствен, аргументиран критичен став кон актуелните општествени случувања. Како и една од ретките преставници на академската заедница која се спротистави на членството во НАТО на Македонија и се спротиставува на сите катастрофални договори во поновата историја: Охридскиот и Преспанскиот како и еден од најголемите противници на Францускиот предлог за бугаризација на Македонија.
– Денес е голем ден за нас како Левица и за првпат обзнануваме наш претседателски кандидат, а тоа е професорката Билјана Ванковка и мислам дека го имаме најдобриот кандидат. Сметаме дека партијата достигна до ниво и дека ќе го полага матрурскиот испит со собирање на 10.000 потписи – рече Апасиев.
– Сметаме дека е дојдено времето народот да препознае кој се бори чесно за интересите на Македонија. Дека со избор помеѓу двете помали зла стигнавме до ова дереџе и мислам дека ние како млада генерација на атипични политиари чувствуваме должност да извадиме кандидат за претседателски избори. После нашите внатрепартиски анкети каде што имаше повеќе имиња во игра, најдобриот скор го имаше професорката Ванковска. Фрламе ракавица на мејнстрим буржоаските партии кои ќе се натпреваруваат со нас – додаде претседателот на партијата проф. д-р Димитар Апасиев, на прес конференцијата.