Просечната нето-плата исплатена во ноември изнесува 38.359 денари. За еден месец има намалување од 484 денари, бидејќи октомврискиот просек е 38.843 денари.
Тоа, упатуваат од Статистика, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2,8%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22%), снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,4%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, споредено со претходниот месец, е забележано во секторите: дејности во врска со недвижен имот (8%), рударство и вадење на камен (5,9%), финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6%).
Вообичаено, највисокиот просек на плати е во секторот информации и комуникации -70.745 денари. Влијание имаат платите на програнерите, со просечни 93.223 денари.
Најмал просек од 27.708 денари е евидентиран во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Сепак, најниската просечна плата и натаму е во дејноста производство на кожа и слични производи од кожа – 24.789 денари. Кожарството е во рамки на преработувачката индустрија, каде што просекот на ноемвриската плата е 33.470 денари.
Преземено од: Pari.com.mk