Деновиве Евроамбасадорот Дејвид Гир се пофали дека педесетина невладини организации спроведени во текот на 2023-2024 година се добитници на нешто помалку од милион евра „поддршка“ од страна на Европската Унија во рамките на „Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ“ – програма за финансиска поддршка на мали и „грасрут“ граѓански организации.
Ова претставува само последниот во долгата низа на класични поткупи спроведени од страна на Западните „стратешките партнери“ над македонскиот јавен простор. Потсетуваме дека според свој извештај, конгресот на САД, во периодот од 2017 до 2022 година доделил 67 милиони американски долари на невладини организации, медиуми и останати ентитети во Македонија борејќи се против „руски и кинески влијанија“.
Левица безусловно се залага за слободата за граѓанска асоцијација и граѓанско здружување, како основно човеково право. Но според нас ваквото финансирање на невладини организации не претставува ништо повеќе отколку активен обид за креирање на јавното мнение во Македонија.
Да објасниме пластично, доколку ЕУ сакала навистина да ја поттикне граѓанственоста во Македонија, наместо тие 0.9 милиони евра да ги искористат за финансирање на невладини организации, можеле да ги искористат за да помогнат на стотиците илијади сиромашни граѓани во Републиката, засилувајќи ја социјалната димензија на граѓанственоста како услов за развивање на политичката и цивилната граѓанственоста, создавајќи реални услови за поголема активна граѓанска партиципација во јавната сфера, се вели во соопштението на Левица – Сектор за Политички систем.