На барање на советничката група на Левица во Советот на Град Скопје со група советници денеска се одржа нова вонредна седница на која како втора точка на дневен ред беше Програмата за работа на ЈП Паркови и зеленило, а со единствена цел вработените во овие претпријатија да земат плата.

Советниците на ДПМНЕ, доследно, не гласаа за исплаќањето на платите на вработените како што нивниот кадар во Флораком и Луна истотака го блокира исплаќањето.

Програмата денес беше изгласана од советниците, а претходно и од Управниот одбор на ЈП Паркови и зеленило, и со тоа работниците кои што четири месеци немаат земено плата конечно да бидат исплатени!

ФЛОРАКОМ И ЛУНА ДОО се фирми-ќерки на ЈП Паркови и зеленило, што подразбира Управниот одбор да ги назначува и нивните раководители. Како што УО и НО на претпријатието се под контрола на ДПМНЕ, така и раководниот кадар, кој не им ипслаќа плати на вработените, потекнува од оваа партија.

Покрај ова, на оваа вонредна седница се изгласаа и субвенции за плати на вработените во ЈСП, – пишува во соопштението на Политичката партија Левица.