Минатата недела беше одржана јавна расправа по предлог – Законот за ПЛАТЕНО ПОРОДИЛНО отсуство за жените земјоделки, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов, чија цел е да се отстрани неправедната дискриминација кон жените-земјоделки. Не само што Владата на СДС и ДУИ 10 месеци го чува овој закон во фиока – туку и министерот за здравство Меџити, министерката за труд и социјала Тренчевска и министерот за земјоделие Николовски крајно дрско и арогантно ИЗБЕГАА од дебата!
Пратеникот КРМОВ во своето обраќање истакна дека Левица, уште во април минатата година го поднесе Предлог-законот за платено породилно отсуство за жените земјоделки, со кој се овозможува користењето на правото на надоместок поради бременост, раѓање и мајчинство на жените – земјоделки.
Тој ги посочи и забелешките во Извештајот на Европската комисија кои го истакнуваат токму истото она за кое Левица се заложува со Предлог-законот. Тие ја КРИТИКУВААТ власта, дека жените кои се регистрирани како индивидуални земјоделки се исклучени од системот на здравствено осигурување и немаат право на надомест во случај на некоја болест, повреда на работното место, породилно отсуство, мајчинство итн.
Во опширната јавна дискусија, апсолутна ПОДДРШКА на Предлог-законот дадоа сите присутни претставници од граѓанските мрежи и организации со свои аргументи, а истиот наиде на целосна поддршка и од останатите пратеници кои беа присутни на седницата.
Јасно е дека хибридниот режим на СДС и ДУИ нема слух за барањата на земјоделките и свесно го одолговлекуваат носењето на овој предлог-закон, со кој треба да се стави крај на една системска неправда! – Се вели во соопштението на политичката партија Левица.