Пишува: Слободан „Боби“ Лазиќ, член на ЛО Аеродром и трудовиот сектор при политичката партија Левица
Палестинската агонија има димензија на драматична приказна за еден народ што со децении се соочува со борбата за сопствениот идентитет, сопствената територија и основни човекови права.
Оваа ситуација во пракса е резултат на трауматични децении кој се карактеризираат со конфликти и комплексни политички динамики што влијаат не само врз животот на Палестинците, туку и на регионот во целина. Палестинскиот и израелскиот народ имаат долга историја, обележана со периоди на насилство, преговори и различни обиди за решавање на конфликтот.
Последниците од Израелско-Арапската војна од 1948 година оставија длабоки рани врз земјата и населението, кои и ден денес се чуствуваат…. многу децении подоцна, агонијата на несигурност и прогонство од сопственото огниште е се уште актуелно. Притисоците врз палестинските територии… Западниот Брег и појасот Газа, станаа воено жариште, налик на “напалм бомба”, уште од времето кога евреите одлучија на палестинска територија да ја формираат својата држава Израел.
Блокадите, затворите, и воените акции се секојдневие за палестинците, а Палестина како регион во декадите зад нас е во состојба на хуманитарна криза. Животот на палестинскиот народ стана предизвик до таа мера, што ако не загинеш или бидеш ранет, или пак ако истото тоа не се им случи на некој од твојата фамилија, треба да си “среќен палестинец”.
Спорот за Ерусалим – светиот град за Јудаизмот, за Христијанството, и за Исламот, стана жариште на постојан конфликт, што создаде големи предизвици и за меѓународната заедница, која во актуелниов воен проблем со погрешен “кантар” мери. На Ерусалим се гледа како на свето место со вековна историја и религиозна позадина, но контролата врз градот продолжува да биде објект на спор помеѓу различните заинтересирани страни.
Појасот Газа која е населена со голем број на Палестинци, стана симбол на изолација и страдање, со еден збор агонија, за палестинскиот народ. Воените конфликти и блокадата кон Палестина го лишуваат населението од основни животни услови, креирајќи сериозни предизвици за хуманитарните организации и меѓународната заедница во обидите да помогнат, но колку и да се сака да се помогне, сепак тоа речиси не се остварува. Настојувањата за мировно решение на конфликтот наидува на многубројни предизвици, вклучувајќи ги сложеноста на политичките интереси, историските обврски и геостратешките фактори.
Многу држави, во глобала, а тоа се оние “помалку моќните“ се обидуваат да се постигне трајно решение, но сепак, се чини дека предизвиците и понатаму продолжуваат, потсетувајќи на онаа народната поговорка “Каде што има сила нема правдина”…. карактеристичната поговорка, добро позната на македонците од егејскиот дел, после втората светска војна. Освен хуманата страна кај македонскиот народ, заедничко со палестинците е токму тоа што и нашите деца, беа деца – бегалци, насила истерани од своите домови
ПРАВДА ЗА ПАЛЕСТИНА!