Фејзбук статус на проф. д-р Билјана Ванковска
Тоа што пропадна тендерот за Чебрен е мала, но симболична победа на еден долг пат. Огромна благодарност за експертската јавност која успешно укажа колку погубно за националните интереси ќе беше давањето на Чебрен во туѓи раце.
Но, тука ставаме точка и вртиме нов лист. Прашањето е сега како Чебрен да се изгради со сопствени сили за сопствени национални цели. Да не останеме само на оваа почетна победа, бидејќи вистинската битка е Чебрен да се стави во функција, но и Македонија конечно да добие енергетска стабилност – и сувереност.
За тоа треба визија, знаење, средства и работа.