За покривање на буџетскиот дефицит и враќање на старите долгови, оваа година Владата нè задолжи со НОВИ 1,3 милијарди евра, само по основ на хартии од вредност. Покрај деветтата еврообврзница, издадени се државни записи и државни обврзници на домашниот пазар, а новина е граѓанската обврзница.
Криминогената власт на СДС и ДУИ своето расипничко работење и буџетските дупки ги покрива со емисија на хартии од вредност, наместо со намалување и РАЦИОНАЛИЗАЦИЈА на трошоците. Јавниот долг од 1,8 милијарди евра во 2002 година, ПОРАСНА на 8,3 милијарди евра заклучно со вториот квартал оваа година, со тенденција да расте и понатаму и сѐ поблиску е до девет милијарди евра на крајот од оваа година!
Само за издадени државни хартии од вредност, во наредниот период ќе достасаат за плаќање речиси 3 милијарди евра; за граѓанската обврзница околу 23,5 милиони евра; а за недоспеаните еврообврзници 2,4 милијарди, по основ на главнина, додека каматните плаќања се дополнителен трошок. Покрај овие задолжувања, власта во континуитет нè задолжува со разни ЗАЕМИ за изградба на капитални проекти, од кои освен обврски за неповлечени средства, провизии и пенали, народот не виде ниту еден реализиран проект.
Во процесот на подготовка на Буџетот не е предвидено усвојување на посебен ПЛАН за задолжување од Собранието и покрај препораките на Државниот завод за ревизија – како дел од буџетскиот процес кој треба да биде усогласен со Стратегијата за управување со јавниот долг.
Место да се задолжуваат идните генерации и државата да се турка во ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО, #Левица во својата програма предвидува воведување на ПРОГРЕСИВНО оданочување (со што би се слеале значајни средства во буџетот) и кратење на сите непродуктивни расходи кои народот ги плаќа веќе три децении за луксузното и расипничкото дивеење на власта. Се вели во соопштението на партијата.