Презентација на едицијата Словокулт: Словотека во КИЦ

Културно-информативен центар – Скопје Салон Империјал 2
22.9.2023, 19:30 часот

СловоКулт : Берлин како онлајн портал постои од 2008 година, од 2015 како регистрирана мала издавачка куќа, а од 2016 како двојазично онлајн-списание за современа поезија и уметност и веќе поседува етаблиран концепт на прикажување современи и авангардни уметности во иновативен, интердисциплинарен, мултимедијален и повеќејазичен контекст – презентирајќи интернационални, – но претежно македонски и германски – книжевни, ликовни и звуковни уметници, што е содржано и во поднасловот: Текст/Визија/Звук – Text/Vision/Sound што најдобро можете да го забележите и во уметничките видеа што СловоКулт ги продуцира.

Овој настан е комбинација и презентација на избрана поезија во двојазична полифонија со видео изложба и импровизиран звук од врвни локални, но и интернационални уметници, е единствена и неповторлива, бидејќи самиот настан се претвора во едно својствено уметничко дело.

ПРОГРАМА:

19:30 часот Продажен салон:

Отворање на изложбата со дела од Ирена Паскали (Келн), Иван Ивановски (Скопје), Елизабета Костадиновска (Берлин) и Дијана Томиќ Радевска (Скопје), кои се илустрации во книжевните изданија.

20:30 часот Салон Империјал 2:

Интердисциплинарен, мултимедијален и повеќејазичен настан од неколку дела:

– Книжевност: Рон Винклер (Берлин) и Елизабета Костадиновска (Берлин) ќе читаат свои текстови објавени во СловоКулт : публикации – (презентирањето ќе биде двојазично и тријазично)
– Стихови на македонски од книжевните изданија ќе читаат македонските поети Александар Кирковски и Мануела Златкова
– Видео презентација на поезија од Софи Рајер и Краус
– Музика: Мартин Георгиевски (Amplidyne effect) и Андреј Татарчевски од Скопје, Валерија Мерлини (JD Zazie) и Максимилијан Богнер (Margaret Unknown) од Берлин.
– Видео изложба на делата од уметниците објавени во публикациите на СловоКулт и Арт Еквилибриум.

Повеќе на: https://www.facebook.com/events/558576239714861/?ref=newsfeed

Последно