Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2
20 септември, 20 часот
Проектот „FLUX: Surfacing“ е продолжение на интерактивната изложба „FLUX“ организирана од страна на Ивана Ќ. Самандова и Ана Трајковска која што се оддржа во ноември во отворено графичко студио, 2022 година. Покрај тоа што тематиката на графиките е од мрачен психо-аналитички, интроспективен карактер, за време на изложбата „FLUX“ се оствари и интерактивен чин помеѓу делата и посетителите.
Интерактивниот чин се состоеше на гравирање од страна на посетителите врз поставените плочи, кои истите изгравирани моменти содржат тематики поврзани со своите лични искуства, скриени чувства и трауматични мемории, стравови и неизвесности, кои остануваат анонимни поради ранливата природа на самите изгравирани цртежи.
Сите тие колективни, индиректни визуелни прикази и споделувања помеѓу уметниците и посетителите, во овој продолжеток FLUX: Surfacing – се откриваат, ‘излегуваат’ на површината формирајќи една целина низ која разновидните отпечатоци се испреплетени едни меѓу други, создавајќи еден нов соединет наратив низ просторот и самото дело.
Повеќе на: https://www.facebook.com/events/558576239714861/?ref=newsfeed