Која е Архиродон – Грчката компанија која ја доби концесијата за изградба на хидроцентралата Чебрен

Концесијата за изградба на хидроцентралата Чебрен на Црна Река, проект вреден околу една милијарда евра, го доби грчката компанија Архиродон. Грчката градежна компанија има богато меѓународно портфолио, гради на три континенти со значително присуство на Блискиот Исток, Африка и во европа. Според податоците објавени насајтот на компанија, таа во моментов има проекти од 4 милијарди долари.

Реализација на на реверзибилната хидроцентрала Чебрен, еден од најголемите енергетски проекти во земјава доби зелено светло на денешната седница на Владата.

Концесијата за изградба на хидроцентралата Чебрен на Црна Река, проект вреден околу една милијарда евра, го доби грчката компанија Архиродон. Грчката градежна компанија има богато меѓународно портфолио, гради на три континенти со значително присуство на Блискиот Исток, Африка и во европа. Според податоците објавени насајтот на компанија, таа во моментов има проекти од 4 милијарди долари.

„Се грижиме за заедниците во кои работиме преку поддршка на локални бизниси, создавање можности за долгорочно вработување и обука и користење локални материјали и ресурси. Нашиот пристап за одржливост го покрива целиот спектар на еколошки, социјален и економски контекст на нашето работење“ – стои во описот на компанијата.

Архиродон започнала како изведувач на градби на море во 1959 година со изградба на пристаништето Бенгази во Либија и пристаништето Бејрут во Либан во 1962 година и оттогаш се гордее со повеќе репорезентативни градби низ светот.

Досега завршила 350 проекти и има околу 10.000 вработени специјализирани  за изградба на водени пристаништа, нафтни и гасни терминали, хидроцентрали, објекти за десалинизација на морето, објекти за менаџирање на отпад, аеродроми, мостови на вода, пумпни станици за вода, метро и железнички линии , а во поново време и плантажи на ветерници и за сончева енергија.

Архиродон гради скапи иновативни проекти со највисок стандард, па така во своето градежно портфолио ги има и вештачките острови „Палма“ во Дубаи, метрото во Доха, мостот на вода Шеик Зајед Абу Даби,  како и пристаништето Порт Калифа во Абу Даби

Проценетата вредност на инвестицијата за проектот Чебрен е околу една милијарда евра со која е предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала Чебрен, со инсталиран капацитет од најмалку 333 мегавати. Предвидено е Чебрен да има функција на производство на електрична енергија, како и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна Река е предвидено создавање на ново вештачко езеро, кое ќе биде најголемо во државата.

Чебрен е од исклучително значење за енергетската транзиција на земјава и регионот, поради можноста за балансирање на обновливите извори на енергија. Воедно ќе има огромно значење и за заштита од поплави, водоснабдување, земјоделство и слично со висина на браната од 192 метри, со што ќе биде една од највисоките во светот.

Превземено од: Plusinfo.mk

Последно