Фејзбук статус на портпаролот на политичката партија Левица
Куповната моќ е тесно поврзана со “фетишизмот на робата” и експлоатацијата на трудот во капиталистичкиот систем. Во капитализмот, куповната моќ на луѓето се одредува преку платите и пристапот до кредити, кои директно се поврзуваат со нивната улога како работници во процесот на производство.
Затоа, куповната моќ на работничката класа е ограничена, бидејќи тие не можат да ги приуштат добрата и услугите кои ги произведуваат. Како контрадикција на капитализмот, работничката класа, која претставува најголем дел од конзумерите, нема доволна куповна моќ за да ги купи повеќето излезни елементи на економијата.
Концентрацијата на богатството ја ограничува куповната моќ на мнозинството, попречувајќи ја реализацијата на целосниот потенцијал на конзумирање. (Изненадувачки, контрадикција)
ИНФЛАЦИЈАТА означува генерално зголемување на цените на добрата и услугите со изминувањето на времето во кое опаѓа куповната моќ на ПАРИТЕ. Кога инфлацијата е голема се намалува куповната моќ на луѓето. Единственото сценарио кое е можно за да не биде лага она кое премиерот го зборува, е доколку растот на платите е во побрзо темпо отколку растот на инфлацијата.
Дал господ оваа Влада има рекордно ниска доверба и легитимитет, инаку овој обид е карактеристичен за политичарите за манипулација на перцепцијата преку наративи и целни пораки.