Пензионерите револтирани – За да се преживее, пензиите во Македонија треба за се зголемат за 40%

Многу реакции пристигнуваат од пензионерите од повеќе градови низ земјава, а дел од нив се и штипските пензионери, по најавата на Министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска дека од септември пензиите ќе се покачат за  околу 6%. Според анкетираните пензионери покачувањето треба да биде најмалку за 40%, за да опстанат во услови на висока инфлација.

По најавата на Министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска, дека од септември пензиите ќе се покачат за  околу 6 %,  бројни реакции пристигнуваат од пензионерите од повеќе градови низ земјава, а дел од нив се и штипските пензионери. Тие  реагираат  дека порастот на пензиите не ја следи  актуелната инфлацијата која до скоро беше двоцифрена.

Според нив покачувањето треба да биде најмалку за 40%, за да опстанат.

– Со 10.000 – 12.000 денари, не може да опстане. Оваа Влада што гледа и што мисли јас не знам. Им покачија (на УЈП) 30%, па тоа е срамота и гревота, на себе си покачија 80%, па дајте им малку и на пензионерите и тие да живеат – вели еден штипски пензионер.

Тие реагираат и за покачувањето на платите на вработените на УЈП за 30 отсто, но и на платите на функционерите за 78 отсто

– За 99,9% да се покачи пензијата за народот да биде задоволен малку од малку. И тоа не е многу – велат анкетираните штипјани за Сител.

Според нив со пензии од 10 до 18.000 денари, пари не стигаат ниту за да се покријат трошоците за храна и лекови.

-Пари има колку да се преживее, а не и нормално да се живее, децидни се пензионерите.

Последното покачување на пензиите беше во март за 8,4%, а следното усогласување  според методологијата на ресорното министерство е во септември.

Превземено од: Vecer.mk

Последно