Арбитражниот суд да не се користи како закана, порачуваат правниците. Правникот Влатко Токарев, кој магистрирал деловно и инвестициско право на престижниот Кембриџ вели дека не смее јавноста да се заплашува дека државата ќе плаќа висока отшета кон концесионерот. Тој потенцира дека држвата има силни правни аргументи на кои може да се повика и при евентурална тужба да има позитивен исход. Токарев објаснува дека треба да се исполнат два услова за државата да се појави на арбитражен суд: да се прогласи надлежен за таква тужба и да се утврди дека Македонија ги има прекршено обврските од склучени меѓународни договори, односно инвеститорот да се повика на важечка и применлива арбитражна спогодба.
Токарев вели дека постои мала можност поради последниот инвеститор кој купи акции во Еуромакс, тетовски еколог преку холандскиот НДИ холдинг. Но, и во воој случај постои голема веројатност да не се прифати поради тоа што станува збор за индиректна сопственост.
Активистите против рудник над селата Иловица и Штука и претходно обвинуваа дека арбитражата се користи како изговор за отворање на рудникот, но и легална можност за злоупотреба на државниот буџет со прифаќање на високи суми за отштета на концесионерот.
Превземено од: nota.mk