Реакција на сектор Земјоделие при политичката партија Левица
Очајниот министер за земјоделство Николовски, соочен со огромното незадоволство кај земјоделците поради ниските откупни цени на житните култури и одбивањето за интервентен откуп на пченицата, го пренасочува вниманието на јавноста со кампања во која ги злоупотребува децата во предучилишна возраст.
Со камери и сликари очајниот министер ги користи децата за да прикаже некоја грижа за нив преку доделување на бесплатни јаболка.
Левица го осудува ваквиот низок ПиАр на министерот Николовски, употребата на деца во кампања и маркетинг од страна на политичари е под сите морални и етички вредности.
Истовремено ја потсетуваме јавноста дека Левица во својата програма предвидува бесплатна храна за децата во предучилишните установи, како и за учениците во училиштата.