Реакција на земјоделскиот сектор при политичката партија Левица
На почетокот на овогодишната жетва на пченицата и јачменот, надлежните институции од власта, како и од мелничарско-пекарската индустрија уште немаат излезено со дефинирана откупна цена на житото.
Иако и оваа година земјоделците излегоа со барање за регулирана и договорена откупна цена на житото, како и долги години претходно властите на ДУИ/СДС преку МЗШВ покажуваат тотална незаинтересираност за регулирање на цената како би се заштитиле земјоделците од манипулациите и шпекулациите на мелничарите.
Во некои места каде што е почната жетвата на пченица, истата од мелничарите се откупува по 9 денари, цена која ги носи во пропаст земјоделците.
Левица ги повикува надлежните институции еднаш да застанат зад потребите на земјоделците и да ја регулираат откупната цената на житото, а сите кои шпекулираат, манипулираат и профитираат врз грбот на жетварите да бидат најстрого санкционирани.