Повеќе од 100 американски лидери, вклучително претседатели, конгресмени, гувернери и врховни судии се потомци на семејства кои поседувале црнци. Ова ги опфаќа и сите живи американски претседатели, со еден исклучок, не Обама, туку Трамп.
Само меѓу 536 избрани членови на Конгресот, Ројтерс открива дека има барем 100 наследници на робовладетели. Се работи за мешана група на републиканци и демократи, а меѓу нив тешкаши како Мич Меконел, Линдзи Грем и Елизабет Ворен.
Од моментално шест живи американски претседатели, само Трамп не потекнува од робовладетелско семејство, а од останатите пет, четворица се од Демократите (Картер, Клинтон, Обама и Бајден). Единствен републиканец на списокот е Џорџ Буш помладиот. Иако татко му е од Кенија, Обама влегува во ова друштво преку семејството на мајка му.
Двајца од 9-те актуелни судии на Врховниот суд имаат директни предци кои поседувале робови, а 11 од 50-те американски гувернери исто така доаѓаат од семејства на робовладетели.
Професорот кој се занимава со африканско и афро-американско истражување на Харвард, Хенри Луис Гејтс јуниор, објаснува дека истрагата на Ројтерс покажува колку Америка останува блиско поврзана со остатоците од робовладетелството „вклучително и преку луѓето кои ги носат законите по кои се управува нашата држава.“
Превземено од: https://www.reuters.com/investigates/special-report/usa-slavery-lawmakers/