Крокодил е сатирично списание кое излегуваше во печат во Советскиот Сојуз. Ова списание за прв пат беше објавено како илустративен неделен додаток за весникот Рабочи (Работник) на 4 јуни 1922 година.
Многу значајни личности придонеле за списанието, вклучувајќи ги Владимир Мајаковски, Михаил Зошченко, Кукриникси и Јулиј Ганф.
Списанието Крокодил излегува во печат континуирано се до 2008 година, тиражот го достигнува својот врв на околу 5,8 милиони (во 1980 година) и истото цврсто се етаблира како една од водечките публикации во Советскиот Сојуз.
Подолу ќе ви преставиме неколку постери на списанието од различен временски период каде се исмеваат американските вредности и капитализмот воопшто.
Воспитување на холивудски начин – 1952
Невработеност – 1949 „Најдоа работа.” – 1985
Невработеноста… избега од контрола. Невработеноста во САД го достигна максимумот во последните 40 години. „11,3 милиони невработени; ДА за вработување! Работа место ракети! НЕ за трка во вооружување! Дајте ни работа!”
Болница. „Почнавме ревитализација на нашата економија. – 1982
Криминал Нато стил Воена индустрија
Намалување на државата на благосостојбата – 1982
На раскинатите парчиња хартија пишува: „Регано-економијата” во акција. „Помош за старите”, „појадок во училиштата”, „образование”, „здравствена заштита”, „изградба на куќи за сиромашните”, „помош за невработените”.