Дали се уставни измените на Законот за работни односи во врска со изградбата на автопатот што го прави „Бехтел и Енка“?

Собраниската расправа за Законот за работни односи заврши останувам на тоа дека законот е во рамките на Уставот, вели во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 министерката за труд Јованка Тренчевска.

Специјалниот закон за „Бехтел и Енка“ го оспоривме пред Уставниот суд затоа што е спротивен на правата на работниците. Утре секој може да се повика дека нешто е од национален интерес и да го продолжи работното време. Тоа не се робови, тоа се луѓе кои работат во тешки услови. Ги уверувам сите дека ова е противуставно и ќе падне на Уставен суд оти со ова законско решение ќе треба да се работи 72 часа неделно, а луѓе ќе паѓаат во несвест по градилиштата, вели во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 Иван Пешевски, Синдикат за градежништво.

Овојпат предлагачот извлекол поуки и сега се интервенира во ЗРО со измени на некои одредби. Содржината на измената се вели дека е на линија на законитост, а според мене тоа не е така. Уставниот суд и претходно укажа на 13 јули 2020 година дека е противзакониски да се работи 60 часа неделно затоа што тоа е нееднаков третман и дискриминација. Правниот маневар што сега се прави е во тоа што навидум се поставува неутрална одредба каде се укажува дека работникот ќе може да работи 198 месечно со почитување на правото на неделен одмор. Но, при доброволноста е голем проблем оти статистички најголеми прекршувања се во работните односи, вели во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 професорот Лазар Јовески.

Министерката Тренчевска вели дека прекувремената работа дури и со согласност нема да биде толку голема затоа што градежништвото зависи од временските услови, а ограничувањата за работа на високи и ниски температури важат за сите па и за градежните работници и токму затоа не се дефинира горна граница на работни часови. Оттука, според неа, нема ништо неуставно.

Превземено од: https://rabotnik.com.mk/дали-се-уставни-измените-на-законот-за/?fbclid=IwAR2-GBTa092L9NwvTC0_2PalUW0LBCc0MsgmtMt9WFpkX6c6iHuf-TQWBfE

Последно