Левица: НИКОБ не исплатува редовно плати и додатоци на работниците

0
164
  • Реакција на Левица – Трудов сектор

Агенцијата за обезбедување на која и доделија тендери за обезбедување на државни објекти во вредност од 2 МИЛИОНИ ЕВРА неможе да обезбеди плати за работниците.

НИКОБ – Компанија која е позната благодарение на непочитување на работничките права достигна ново ниско ниво. Имено до Левица пристигнаа поплаки од вработените дека примале плата во исноз од 100 денари а останатиот дел им се исплаќа дополнително.

НИКОБ континуирано ги прекршува работничките права со тоа што:

Не исплаќа додатоци за прекувремена работа

Не исплаќа додатоци за работа во празник и во недела

Минатата година за К – 15 на вработените им било исплатено само 100 денари.

За случајот “НИКОБ” известени се Трудовиот Инспекторат и Управата за Јавни Приходи кои досега немаат слух за работниците и очигледно немаат намера да воведат ред при спроведување на правата на работниците.

Иако, НИКОБ редовно добива тендери за обезбедување на државни објекти во изминатиот период отпушти поголем број на работници со спогодба.

Истотака компанијата НИКОБ ЛАБ минатата година отпушти повеќе од 30 вработени. Доктори, лаборанти и медицински сестри беа отпуштени со формулари кои им беа понудени како спогодба откако го поминаа целиот период на короната работејќи во оваа компанија.

Левица, како единствена парламентарна партија на трудот е секогаш на страната на работникот и работничките права кои се фундамент на секое општество.