Левица: Учениците во ООУ „Димитар Поп – Георгиев Беровски“ жртви на институциите

Прес конференција на ЛО Ѓорче Петров при политичката партија Левица

УЧЕНИЦИТЕ ВО ПОДРАЧНОТО ООУ „ДИМИТАР ПОП – ГЕОРГИЕВ БЕРОВСКИ“, ЖРТВИ НА ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ЛАВИРИНТИ И ЛАГИ

Откако сите релевантни институции се прогласија за ненадлежни, учениците од подрачното основно училиште „Димитар Поп – Георгиев Беровски“ во Хром продолжија да учат во минијатурни, импровизирани училници, вон сите стандарди.

За жал, кога не станува збор за лична добивка, кај надлежните владее мрзеливост и незаинтересираност, па со прост премин за себе-прокламација за ненадлежни и меѓусебно насочување на проблемот кај некоја друга институција – лесно се ‘справуваат’ со проблемите на граѓаните и ја задржуваат статус кво состојбата.

Незаинтересираноста за учениците од ова училиште е воочлива низ повеќе проблеми за кои надлежните немаат слух:

– Небезбеден пристап до училиштето: поради узурпираните тротоари децата се принудени да се движат долж самата улица на која се вози со непримерна брзина;

– Отсуство на фискултурна сала и не одржување на часовите по физичко и здравствено образование: поради ваквата фактичка состојба, грото од учениците се здобиле со деформитети. Сала за ова училиште се ветува во секоја предизборна кампања, години наназад.

– Нехумани услови за настава и образование: учениците наставата ја одржуваат во импровизирани, премали училници. Народниот правобранител ја утврдил фактичката состојба и констатирал дека децата немаат соодветни услови за учење и настава, сепак крилото на училиштето (новите капацитети) со разни изговори и пинг-понг играње меѓу институциите, 2 години не се пушта во употреба.

Надлежните не треба да чекаат ескалирање на ситуацијата или немил настан за да се дрзнат да го сработат и обезбедат нужното.

Затоа, бараме итно прифаќање и реализирање на Иницијативите поднесени од Левица со што би се обезбедила безбедноста на учениците, како и заангажираност на Општината и другите релевантни институции за обезбедување на нормални услови за настава и образование на учениците.

Прес конференција на ЛО Ѓорче Петров

Пристап до прес конференцијата: https://www.facebook.com/watch/?v=246814324504105

Последно