Реакција на социјалниот сектор при политичката партија Левица
МЕЃУОПШТИНСКИОТ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА – СКОПЈЕ НАМЕСТО ДА ПОМАГА – УНИШТУВА ЖИВОТИ
Деновиве во јавноста произлезе информација дека „Стручен тим“ од центарот (кој постои само на хартија), направил проценка и донел одлука дека е во интерес на малолетните девојчиња да живеат нивните баба и дедо, а не со нивната мајка.
Најчест опис кој се добива од корисниците на услугите на Центарот е: нестручност во работењето, вработувања со партиски книшки што води кон некомпетентност на раководниот кадар, манипулација со малолетни деца и сл. Флагрантен пример за нестручност и манипулации се последните случувања во однос на случајот кога малолетните деца при двајца живи родители Центарот времено ги доверил на нивните баба и дедо од таткова страна.
Одлука која во целост се совпаѓа со барањата на адвокатот кој е платен од страна на таткото на децата. Многубројните реакции, постови и видеа на социјалните мрежи ја покажуваат емоционалната поврзаност на децата со нивната мајка, но т.н. „Стручен тим“ останува глув и слеп за тоа.
Да биде ситуацијата уште полоша, ЈУ МЦСР – Скопје изминатата недела доби нов директор – Изаир Мемеди, како кадар на Алијанса за Aлбанците кој апсолутно нема никакво познавање од работата на Центарот и неговите надлежности. Јасно е дека ерозијата во институциите произлегува од поделбата на функции по партиски колач, со цел да се зачува коалицијата на власт.
Левица како единствена парламентарна партија која ги штити интересите на сиромашните е згрозена од ваквата постапка и ваквиот однос на ЈУ МЦСР – Скопје и повикуваме на итна департизација на ова многу важна институција со цел да се спречат идни вакви случаи!