Крајевски: Овој 11 ти октомври е најважниот што некогаш ќе го прославиме

0
1238
  • Пишува: Јован Крајевски – член на Презедиумот на политичката партија Левица

Овој 11 октомври е најважниот празник што некогаш ќе го прославиме. Сега, повеќе од било кога, треба да се потсетиме дека кога нештата изгледале безизлезни, кога бугарските фашисти со амин на Хитлер шетале по македонските улици, една група ДЕЦА решиле да не очајуваат, туку да земат пушка во рака и да се борат за својата слобода.

11 октомври не е авантуристички, терористички чин – тоа е одмерен и добро испланиран акт, по правилата и начелата за кревање востание во памфлетите на СССР, тие мајстори за кревање револуција кои 24 години порано покажаа дека работниците и селаните можат да ја поразат и царштината!

11 октомври не е ниту прв, ниту единствен напад врз бугарските фашисти, туку е клучниот чекор кој млади храбри комунисти го превземале за да го усмерат револтот на народот во вистинската насока – во вооружена анти-фашистика борба против Силите на Оската.

Честит 11 октомври – ден на народното востание!