Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2015
МА(Т)Р(И)КС СЛОБОДА
Апстракт
Марксистичката критика на историјата не е нова и непозната работа. Тоа совршено го направи токму Маркс, приговарајќи му и китикувајќи го Хегела, кој во тоа време беше апсолут во филозофијата. Она што би можело да биде ново е нејзиното реактуализирање преку категориите на слободата, односно преку спротивставување на марксистичкото сфаќање за слободата, и нејзината улога во историјата на општествата, наспроти метафизичката слобода, претпоставена во филозофијата на либерализмот и особено неговата економска експресија – неолиберализмот, како тероризам на капиталот.
Овој текст се обидува да го направи токму тоа, да ги судри двата концепта на слободата – метафизичката наспроти материјалистичката. Преку тоа се укажува не само на историската релевантност на материјалистичкиот концепт на слободата и нејзината компатибилност како со човековата природа, така и со неговиот стремеж и идеја за политичка заедница – туку, исто така, се укажува и на нужниот општествен стремеж кон материјалистичка слобода како услов за почеток на еден свесен тек на општесвената историја каде навистина слободниот човек би бил на општесвениот пиедестал. Слобода која заедницата мора да се труди да ја овозможи на своите членови, како истата таа заедница би имала право и услов да постои.
Накратко, овој текст докажува дека единствен општесвено релевантен концепт и сфаќање за слободата е материјалистичката слобода! Класно поделената заедница е негација на самата слобода. Слободен развој на индивидуата единсвено е можен само во материјално сигурното и бескласно општество кое, на некој начин, е цел на социјалистичката филозофија.
Хактан Реџеп Исмаил
Член на движењето за социјална правда – ЛЕНКА
2014

Марксизмот и слободата
(извадок од книгата “Reason in Revolt”)
Автори: Тед Грант и Алан Вудс
Проблемот на односот помеѓу „слободата и нужноста“ му бил познат и на Аристотел, и за него бескрајно дискутирале средновековните схоластичари. Кант го употребува како еден од своите познати „антиноми“, каде е презентиран како неразрешлива контрадикција. Во 17ти и 18ти век се појавува во математиката како теорија на веројатноста, во врска со коцката.
Дијалектичкиот однос помеѓу слободата и нужноста повторно ќе „излезе на површината“ преку теоријата на хаосот. Дојн Фармер, американскиот физичар, истражувајќи ја комплексната динамика, коментира:
2014

Општеството и безбедноста: Колку слобода би требало да жртвуваме за поголема безбедност?
Пред вас е уште едно дело на Драган Драча, овојпат филозофски текст кој го разгледува прашањето на слободата во едно општество преку повлекување на една историска паралела и поврзување на ова прашање со условите во модерното општество во кое живееме. Драча на доста умешен начин, користејќи дијалектички метод му дава една поинаква димензија на прашањето на слободата, а на тоа го надоврзува и прашањето на безбедноста, поентирајќи дека слободата различно се толкува во различни периоди и истата е во заемна корелација со економските, политичките и социјалните прашања. Овој текст претставува теоретски триумф врз метафизичките и апстрактни поетски жалопојки кои поимот слобода отсекогаш го обременуваат со произволности и нејаснотии. Или уште подобро кажано: слободата е историски факт (категорија), а не метафизичка халуцинација.
2013
Соопштение по повод Предлог-законот за прекин на бременост

Членот 41 од Уставот на Р.М. гласи: „Право на човекот е слободно да одлучува за создавање деца“, а на овој начин се кршат не само основните човекови права, туку и самите принципи врз кои е граден Уставот на нашата Република.
Со новите одредби, државата уште еднаш агресивно ја напаѓа автономијата на здравствените установи, деградирајќи го нивниот капацитет. Рестрикционите механизми кои го ограничуваат правото на избор на жената не се базирани на научни истражувања и на медицински докази и сметаме дека нивната задача е да го отежнат и бирократизираат веќе, самиот по себе, емотивно тежок чин за жената која се одлучила на абортус.
Со носењето на овој Закон, се продолжува со безобразната кампања за градење „здрава нација“ и се започнува со спроведување на истата, што може да резултира со ужасни последици по животот на младите жени и судбината на нивните семејства. Постои ризик да се зголеми бројот на оставени деца и нелегални абортуси – а особено за посиромашните сограѓани, кои немаат пари за контрацепција.
Запрашајте се: дали сакаме „етички“ комисии да одлучуваат за нашите тела и нашите животи, „гинеколошки“ ординации во подрумите на болниците, оскатени девојки за кои животот може да прекине уште пред да започне? Или сакаме солидно сексуално образование во училиштата, право на избор и генерации што ќе растат во здрави семејства и во достоинствени социо-економски услови?
-
Идеално, тоа што треба да го кажуваме на секое дете, со повторување, низ целиот нејзин или негов училишен живот е следново: „Ти си во процесот на индоктринација. Сѐ уште не сме развиле систем на образование што не е систем на индоктринација. Се извинуваме, но толку можеме. Тоа на што те учат овде е смеса од сегашните предрасуди и изборите на оваа конкретна култура. Најмалиот преглед на историјата ќе покаже колку непостојани се тие. Те учат луѓе кои кои се способни да се прилагодат на режим на мисла кој е поставена од нивните предци. Тоа е самоодржлив систем. Вие кои сте поробустни и индивидуални од останатите, ќе бидете охрабрени да го напуштите и да најдете начини на самоедукација – едуцирајќи ги вашите сопствени расудувања. Оние кои ќе останат мора да запомнат, секогаш, во секое време, дека се вкалапени и шаблонизирани да се прилагодат на тесните и конкретни потреби на ова конкретно општество.“
Дорис Лесинг
Златната тетратка