Никола Јокиќ синоќа одигра одличен натпревар во победата на Денвер над Торонто. На овој меч тој ги претстави новите патики на кинеската компанија „361“ со кои потпиша повеќегодишен договор.
Станува збор за моделот „361 Big Futur High“.
Јокиќ досега носеше модели на Најк, но немаше потпишан договор, а сега одлучи за соработка со компанијата „361“ откако истото го направи и неговиот соиграч од Денвер, Арон Гордон.
Тие го продолжија новиот тренд во НБА лигата дека најголемите ѕвезди како Стеф Кари, Џејмс Харден, Џоел Ембиид и Кајри Ирвинг се свртуваат кон помалку познати брендови.
Кинескиот спортски бренд „361“ постои веќе 20 години, има шест илјади продавници во Кина и над три илјади ширум светот.